Линкови за пристапност

Израел е најголемиот примател на американска воена помош


Израел е најголемиот примател на американска воена помош
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Претседателот Бајден го потпиша пакетот за воена помош за Израел во висина од 26 милијарди долари, во време кога има зголемена притисок околу тоа дали војската на таа земја ги исполнува американските стандарди за почитување на човековите права. Патси Видакусвара со детали.

Израел е најголемиот примател на американска помош, речиси 4 милијарди долари годишно, од кои најголемиот дел во форма на воена помош.

Соединетите Американски Држави одделуваат уште 26 милијарди долари.

„Мојата посветеност кон Израел, сакам повторно да појаснам - е цврста. Безбедноста на Израел е важна и ние секогаш ќе се погрижиме Израел да го има она што му треба за да се одбрани од Иран и терористите што Техеран ги поддржува“, рече Бајден.

Воената помош за Израел доаѓа додека администрацијата на Бајден врши внатрешна опсервација дали Израел и другите партнери кои се приматели на американско оружје се усогласени со меѓународните и американските закони.

Владата на Нетанјаху им кажа на САД дека Израел ги почитува меѓународните закони.

Волонтерска група од академици и поранешни административни официјални лица кои го критикуваат военото однесување на Израел, не се согласуваат.

Тие ја повикуваат актуелната администрација да ја стопира доставата со помош во вид на оружје.

Ко-претседавачката Нура Еракат е професорка по меѓународно право на Универзитетот Рутгерс.

„Од 16 инциденти што ги документиравме, во 11 од 16 Израел не ни тврди дека имало воена цел на нападот, ниту пак дава оправдување. Во половина од тие инциденти нападите беа врз станбени куќи, со семејства внатре“, вели Еракат.

Работната група соопшти дека прегледала илјадници извештаи за инциденти, вклучително и за воздушните напади на израелската војска врз два бегалски кампа, Магази и Џабалија. Во двата напади загинаа десетици луѓе.

Се наведува и нападот врз станбена зграда во централна Газа во кој загинаа најмалку 106 цивили, меѓу кои 54 деца.

Работната група ги достави своите наоди минатата недела до актуелната администрација, која мора да поднесе извештај до Конгресот до 8 мај - за тоа дали Израел ги почитува меѓународните и американските закони.

Стејт департментот, исто така, треба да ги објави наодите од истрагата за тоа дали да се ограничи помошта за израелската безбедносна единица обвинета за кршење на човековите права на Западниот Брег, главно пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Израел го критикуваше секој обид за ограничување на помошта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG