Линкови за пристапност

Активисти подготвуваат флота бродови со хуманитарна помош за Газа


Активисти подготвуваат флота бродови со хуманитарна помош за Газа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Група активисти се надеваат дека ќе ја пробијат израелската блокада на Газа со флота - бродови што носат помош. Во наредните денови треба да отпловат од Истанбул. Во слична мисија пред 14 години, израелските сили пресретнаа турска флотила, при што загинаа 10 лица. Известува Доријан Џонс. . .

Акдениз ќе ја предводи флотата од три брода од Истанбул кои носат повеќе од 5.000 метрички тони помош за Газа, вклучувајќи медицински материјали и храна.

Флотилата е организирана од коалиција на меѓународни и турски хуманитарни групи. Тие велат дека не се работи само за испорака на помош, туку и пробивање на, што тие го опишуваат како блокада на Израел врз Газа.

Бараат Израел да дозволи влез на помош од Египет.

„Се надеваме дека ќе ја пробиеме нелегалната поморска блокада на Газа што Израел ја спроведува со децении. Се надеваме дека ќе успееме да донесеме храна и лекови кои им се потребни на жителите на Газа. Апелираме границата со Рафа да биде отворена“, вели Ен Врајт од Американска флота со помош за Газа.

Поминаа 14 години откако организаторите на флотата последен пат се обидоа да ја пробијат блокадата. Последен пат, израелските командоси го пресретнаа Мави Мармара, бродот што ја води флотилата. Насилната рација доведе до смрт на десет лица.

Активистите велат дека се свесни за опасностите со кои се соочуваат, но велат дека ризикот вреди да се преземе со оглед на обемот на хуманитарната криза.

„Свесни сме дека тоа не е мисија без никаква опасност. Но, токму ужасот таму - e тоа што сакаме да го осудиме“, смета Нима Машоф од Канадската флота со помош за Газа.

Сите што учествуваат имаат сугестии како да се де-ескалира евентуалната конфронтација со израелските сили.

Нема коментар од израелските власти, но аналитичарите предупредуваат дека ризиците се реални со оглед на тензиите во регионот.

„Очигледно, ова е многу, интензивно време во Израел. Би била многу внимателна и се надевам дека властите од двете страни Турција и Израел се свесни што треба да направат за да осигураат дека ова нема да ескалира во насилство“, посочува Галиа Линденштраус од Институт за национална безбедност.

Флотилата чека дозвола од турските власти да исплови.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган не ја спомна јавно флотилата, но официјалните лица велат дека разговарал за хуманитарна помош кога се сретнал со водачот на Хамас Исмаил Ханије во саботата. Израел ја осуди таа средба.
Организаторите на флотилата бараат меѓународна заштита.

„Се разбира дека сме загрижени. Сметаме дека сега е време да се дејствува. Бараме поддршка од националните влади, од сите што имаат влијание да се олесни снабдувањето со хуманитарна помош“, велиТорстен Дале од Норвешка флота со помош за Газа.

Тоа е патешетвие кое аналитичарите предупредуваат дека може да изобилува со опасност за активистите...и за регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG